Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Охрид во придружба со Доброволното противпожарно друштво (ДПД) „Ентузијаст Охрид-Дебрца“ започна теоретска и практична едукација во областа на заштитата од пожари во образовните институции.
Во оваа насока беше одржана едукативна работилница со првата група ученици во ОЕМУЦ Св. „Наум Охридски”.
Беше опфатен основен теоретски дел, превентивни мерки за заштита од пожари во објекти, постапки на итна и безбедна евакуација, како и практична примена на апарати и средства за почетни гаснење на пожари, информираат од ТППЕ Охрид.
OhridNews