Британските пожарникари од сега ќе посетуваат курс за контролирање крави, собирање овци и свињи, како и водење коњи за да можат полесно да ги спасат од пожар.


На ветеринарниот факултет ќе ги учат како да смират крава со еден допир со дланката по главата, и како да ја натераат на одредено движење со својата позиција на телото без допир. Ги учат и за згрижување на повредени животни во соработка со ветеринарите и фармерите.