Баба на три внучиња, 140 килограми тешката Розмари Бити отишла да се тушира околу полноќ во својот дом. Се подлизнала во кадата и не можела сама да излезе. Вели дека почувствувала како кадата пука под неа. Започнала да губи рамнотежа и нозете и се заглавиле под телото. За среќа успеала да ја затвори чешмата.
Врискала но никој не ја слушнал. Пробувала да стане но без успех. Била престрашена. Дури пет часа подоцна нејзиниот син Стјуарт ги чул врисоците за помош и кренал узбуна. Повикал пожарникари кои ја ослободиле со помош на моторна пила. Ја пренеле во болница. Сега таа верува дека ова и било последно предупредување да почне да држи диета.