Скандалот во кој биле вмешани пожарникарите од Лос Анџелес би можел на кратко да ги стави во сенка сите добри дела кои без сомнение досега ги направиле. Тоа е така бидејќи наместо за животите кои ги спасиле, овие дена за нив се зборува поради порно филмови. Имено, постои сомнение дека службените возила во Лос Анџелес противзаконски биле користени за снимање порно филмови. Скандалот избил откако американските медиуми објавиле снимка од еден филм за возрасни на која се гледа како за потребите на снимањето се користи камион кој е службено возило токму на овие противпожарни единици.


Во еден момент на снимката една девојка му вели на снимателот „погледни го овој противпожарен камион, нели е прекрасен“, а потоа влегува во него и започнува да се соблекува. Но, бидејќи ова не бил единствен ваков случај, полицијата покренала истрага како би се утврдило дали вработените во противпожарните станици знаеле дека нивните камиони се користат во таква цел. Истрагата сеуште траела, а пожарникарите добиле нов шеф кој им порачал дека нема да толерира такви глупости. Членовите на спорните противпожарни единици преку својот портпарол порачале дека ова не им се најсјаните моменти во нивните кариери.