Еден пожарникар од Тајланд стана супер херој откако се маскира во Спајдермен за да спаси едно аутистично момче кое седело на работ на зграда во Бангкок.

Наставниците во училиштето за деца со посебни потреби повикале полиција кога го здогледале осумгодишното момче како седи на работ од прозорецот на третиот кат и одбива да влезе внатре. Повиците на наставниците биле безуспешни се додека неговата мајка не им кажала дека нејзиниот син е голем обожавател на човекот пајак.


Тогаш пожарникарот се вратил во станицата и облекол костим на Спајдермен. Момчето во истиот момент станало и му паднало во прегратки. Пожарникарот објаснал дека во станицата чува костим на Спајдермен за одвреме навреме да ги забавува своите колеги кога се на вежба.