Пожарникарска станица во Јапонија изгорела во пожар бидејќи еден пожарникар одлучил да подготви вечера за своите колеги.

Сите пожарникари биле на итна интервенција, а еден во станицата им подготвувал вечера, додека и него не го повикале на задача.


Во брзање заборавил да го исклучи гасот, вели Сеили Хори, командир на пожарникарската служба во Нагои. Пожарникарската станица ја гаселе 10 пожарникарски возила од другите делови на градот.

„Ние сме институција која мора да служи како пример за другите и многу ни е жал што се случи ваков инцидент“ – рекол Хори и додал дека од сега ќе нарачуваат храна.