Пожари на дури 25 локации избија речиси истовремено синоќа на грчкото острово Крф, поради што властите прогласија вонредна состојба, пренесе агенцијата АНА.

Градоначалникот на градот Крф, Јанис Трепеклис изрази сомневање дека пожарите се подметнати и рече дека огнената стихија претставува вистинска закана за неколку населени места.

Пожар има и на десетина километри од градот Крф, а зафатена е густа шума и обработливо земјиште.

Во гасењето на оганот се вклучени шест канадери, два хеликоптери и околу 20 противпожарникарни возила.

OhridNews
извор: Makfaks