Пет куќи изгореа, од кои три целосно, во голем пожар што попладнево избувна во центарот на Струга, во густо изградено подрачје позади хотелот „Београд“. Статанува збор за куќи со дрвена конструкција стари повеќе од еден век, во кои подолго време никој не живеел. Во пожарот, кој е изгаснат, нема повредени, а предизвикана е голема материјална штета, чија висина допрва ќе се утврдува. Граѓаните од околните куќи беа видно вознемирени. Не знаеа што го предизвикало пожарот, но коментираа дека се се’ случило многу брзо.

 

OhridNews