Во колективна зграда лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга, вчера избувнал пожар кој оштетил повеќе станови.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Увид на местото извршија полициски екипи, соопшти СВР Охрид.
Исто така вчера, во крајезерскиот појас со трска помеѓу Струга и село Калишта, избувнал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Увид на местото извршија полициски екипи, информира СВР Охрид.
OhridNews
Фото: Архива