Ниту еден од обвинетите за воени злосторства не настрадал во пожарот што се случи минатата ноќ во притворскиот дел во Шевенинген, беше потврдено од страна на Министерството за правда на Холандија за Балканска мрежа на истражувачко новинарство на Босна и Херцеговина (БИРН).

Според податоците на Министерството за правда, затвореник кој беше во психијатрискиот оддел на затворот во Шевенинген настрада како резултат на пожарот што избувна по полноќ. Пожарот е изгаснат, а избувнал во одделот каде се сместени холандските затвореници. Според холандските медиуми, другите 12 затвореници биле евакуирани и потоа прегледани, но кај нив немало констатирани повреди.

Причината за пожарот не е позната, а полицијата го испитува случајот.