Пожар попладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на самиот Градски плоштад.

Пламенот избувна во оџакот на објектот, што благодарение на брзата интервенција на вработените од околните објекти беше локализиран односно беше спречено ширење на пламенот.

На лице место пристигна и екипа на Територијалната противпожарна единица, така што веќе пламенот е изгаснат и избегната е поголема материјална штета.

Нема повредени во пожарот.

OhridNews