Пожар попладнево нешто по 17 часот избувна во угостителски објект и простории до зградата на Земјоделската задруга, спроти паркингот кај пазарот.

Од информациите на терен најпрво е забележан чад, по што веднаш се пристигнати екипи на ТППЕ Охрид.

На терен се во моментов три возила со шест пожарникари, информираат од ТППЕ Охрид.

Пожарот е ставен под контрола.

OhridNews