На 01.12.2023 во 00.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во помошен објект и куќа на улица „Гоце Делчев“ во Охрид.

Од пожарот делумно била зафатена и куќа, сопственост на уште едно лице од Охрид, а била оштетена и фасадата од куќа, сопственост на трето лице од Охрид. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, информираат од СВР Охрид.

OhridNews