Гори ресторанот „Рагуза“ сместен во катната гаража над „Тинекс“ во центарот на Скопје наспроти управната зграда на „Макпетрол“.
Пожарот избувна доцна вечерва, а на терен веќе се присутни повеќе противпожарни возила меѓу кои и новото протипожарно возило со скала од каде пожарникарите го гаснат огнот, јавува Миа.
Според информациите од Противпожарната бригада на Град Скопје, не се знае колку возила се паркирани во катната гаража на чиј покрив се наоѓа ресторанот.
Улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ е затворена за сообраќај и на неа се поставени повеќе противпожарни и полициски возила, како и возила на итната помош.
Во Македонија активни се десеттина пожари, а најтешка ситуацијата е во беровско и пехчевско каде стотици пожарникари од земјава и странство со поддршка од локалното население и специјални летала од воздух веќе седум дена се борат со огнената стихија која проголта илјадници хектари шума и се заканува на околните населени места.
OhridNews
Фото: Илустрација