Вчера наутро, околу 6 часот и 30 минути, избувнал пожар во куќа, во старата охридска чаршија. Опожарената куќа, се наоѓа на шеесетина метри од стариот охридски чинар и во непосредна близина на влезот од пазарот. Според полицијата, причина за пожарот е човечко невнимание. Според увидот на лице место констатирано е дека се запалила една од просториите на долниот спрат, при што е опоажрена целата покуќнина и старите предмети, кои биле лесно запаливи.
Опожарената куќа е во сопственост на семејството Паскали, кои не живееле во неа, туку ја имале отстапено на користење на свој поблизок роднина. Тој живеел сам во куќата и бил дома кога избувнал пожарот.
Огнената стихија причинила поголема материјална штета која е проценета на 50.000 денари. Станарот се здобил со полесни изгореници, но се наоѓа во стабилна здравствена сотојба. Поради брзата и ефикасна интервенција на охридските пожарникари, кои навреме пристигнеле на местото на несреќата, пожарот е локализиран, со што се спречила можноста, истиот да се префрли и на соседните куќи.
– Иако пожарот беше локализиран околу 7 часот, пожарникарите останаа на местото на несреќата до 10 часот претпладне. Како превентива, да не се повтори огнот, од куќата ги извадија сите предмети и делови од мебелот. Доколку не се реагирало навреме, можела да се случи поголема катастрофа. Куќата е лепенка со две соседни куќи и постоеше опасност огнот да зафати и нив, но за среќа не се случи такво нешто. -вели Спасе Прентоски, командир на Пожарникарната станица во Охрид.
Тој нагласи дека поради тоа што куќата е многу стара, во текот на интервенцијата се користел помал млаз на вода, затоа што постоела опасност, под поголем притисок на вода, да попушти конструкцијата на куќата.
Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура и туризам доби 31 милион де...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2025 година, во споредба со декември 2024 година, е зголемен за 02 % Споредено по групи на...
На свеченост што денес се одржа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Андреј Ал-Асади за поемата “Никогаш пред ил’ потем” под шифра “Хидаспе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.