Голем пожар го зафати Националниот парк „Галичица“ од преспанска страна. Пожарот избувнал околу 10 ч. во месноста „Бигла“ на планината Петрино во Националниот парк „Галичица“.
Според информациите од теренот каде од утрово се наоѓаат противпожарни екипи од Охрид и Ресен, како и екипа на НП „Галичица“, од огнената стихија зафатени се неколку хектари сува трева, а постои опасност пожарот да се прошири и на шумата. Поради тоа состојбата будно се следи, а надлежните најавија доколку биде потребно дека ќе побараат и дополнителна помош од државата.
Од Охрид може да се забележи како густ чад се издига над Галичица, а повремено се гледаат и пламени јазици. Огнот како што ни беше кажано гори во границите на Националниот парк од преспанска страна и претставува опасност по ендемските видови флора и фауна што ги има на оваа планина.
ohridnews