Утрово околку 10:30 часот во зградата на Маларична изби пожар. Со брза интервенција на противпожаните служби пожарот бил веднаш локализиран и била спречена поголема катастрофа.
Освен вознемиреност кај лекарите и пациентите пожарот не предизвика други посериозни последици, а штетата од истиот допрва ќе се утврдува. Причина за пожарот според првичните сознанија е неисправна инсталација, од новопоставена електрична табла во старата и дотраена зграда каде е сместена Маларична.
Дежурни екипи работат на отстранување на дефектот, а лекарите стравуваат дека можеби ќе останат без струја и неколку дена. Тие се револтирани затоа што и покрај ветувањата условите за работа во Маларична и натаму се под сите стандарди.
Во отсуство на раководителот на Здравствен дом, д-р Митко Дабевски кој е на службен пат, од оваа здравствена установа се воздржуваат од коментари за денешниот инцидент.
ohridnews
фото: Васко Бујароски