Шупа целосно изгоре во пожарот што вчера околу 16:30ч. избувна во дворот на семејна куќа во населбата Кошишта во Охрид, во непосредна близина на црквата Свети Архангел Михаил.
пожар во Кошишта
Во огнената стихија изгоре импровизираната остава и предметите во неа. Брзата интервенција на противпожарната екипа и присебната реакција на жителите од околните куќи спречија поголема катастрофа, бидејќи огнот брзо почнал да се шири кон соседната куќа чии соопственици се на привремена работа во Австралија, а потстанарите во моментите кога избил пожарот не биле тука.
спречена поголема катастрофа
Сеуште не знаеме која е причината за пожарот, ни изјавија од увиднта екипа која го испитуваше случајот. Во пожарот нема настрадани, а според сопствениците на опожарената шупа, направена е штета од околу 3.500 евра.
Горан Момироски