Вчера во 18.45 часот, во СВР Охрид било пријавено дека, во казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, се случил пожар во кој нема повредени лица.

Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Причините за пожарот не се наведени. Во тек е истрага.

OhridNews