Фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Црвена Звезда беа евакуаирани од хотелот “Сплендид“ откако избувнал пожар во вешерајот во хотелот.

По брзата интервенција на хотелскиот персонал пожарот бил локализиран, а фудбалеритеза мирно го напуштиле хотелот и добиле повеќе време за одмор.


Новиот шеф на “црвено – белите“ во тој момент бил во фоајето на хотелот и давал изјави за црногорските медиуми. По информацијата и тој го напуштил “Сплендид“  – Мислам дека се брзо ќе се среди, не е ништо страшно – рекол Просинечки.

Црвена Звезда ја одбара Црна Гора како дестинација за подоготовките за вториот дел од сезоната.

М.П.