Во пожар што изби во подрум на осумкатница во фитнес-центар во јужнокорејскиот град Дјечепм и потоа зафати цела зграда настрадаа 28 лица. Локалната противпожарна служба објави дека се повредени 26 лица.
Меѓу загинатите најголем број се оние кои користеле сауна на вториот и третиот кат поради што им било потешко да побегнат. Повикувајќи се на неименувани извори, „Ројтерс“ пренесе дека пожарот избил во автомобил паркиран на првиот кат, а потоа се проширил.
OhridNews
Макфакс