Во станот на холивудскиот актер Роберт де Ниро на Менхетн избил пожар, откако се запалила инсталацијата на машината за сушење алишта, соопштиле медиумите. Претставникот за медиумите на њујоршките пожарникари рекол дека во пожарот кој го гаснеле еден час немало повредени.
Полицијата соопштила дека причина за пожарот била лошата инсталација. Целиот петти кат на зградата која се наоѓа во близина на Централ парк му припаѓал на актерот, а четвртиот и шестиот кат исто така биле зафатено со пожарот. Портпаролот на актерот рекол дека во петокот тој и неговото семејство биле надвор од земјата. Роберт е во брак со актерката Грејс Хајтауер со која има две деца, Елиот и Хелен.