Последниот од неколкуте пожари на отворено се случил вчера попладне на плажа на брегот на Охридското Езеро, во близина на авто камп.Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
По неколкуте пожари, случени деновиве на отворен простор на подрачјето што го покрива, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел поголема заштита на регионот од појава на пожари.
Апелираме, граѓаните да избегнуваат палење оган во шумските предели, на стрништа, на плевел, отпадоци и на секој друг отворен простор и воедно потсетуваме дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни кривични пријави и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици, стои во соопштението.
OhridNews
Фото: Архива