Синоќа во атарот на село Оровник, блиску до аеродромот „Св Апостол Павле“ избувна пожар. Огнената стихија зафатила неколку хектари сува трева но благодарение на брзата интеревенција на професионалната противпожарна единица од Охрид спречено е ширењето на огнот.
Пожарот целосно бил изгаснат околу 21 часот. Причините за избувнувањето на пожарот се испитуваат, но не е исклучена можноста тој да настанал од палење на стрниште.
Под контрола се ставени и пожарите што неколку дена беснееа во струшко, но во Македонија сеуште горат илјадници хектари шума. Се претпоставува дека најголемиот дел од пожарите се подметнати или предизвикани од човечко невнимание.
Г.Момироски