Пожар утрово избувна во објект за земјоделски производи кај Градскиот пазар. Според информациите од командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски, опожарениот објект е изгорен целосно. Предизвикана е само материјална штета, нема повредени лица.
Пожарот утрово беше во објект каде се продаваат земјоделски производи, опожарен е целосно и до него двете тенди. Пожарот се случи нешто по 4 часот утринава. Предизвикана е материјална штета. Причината за пожарот се уште не се знае. Интервенирано е од ТППЕ Охрид со две возила и четворица пожарнинкари, вели Јанкулоски.
Увид на терен утрово вршат екипи од крим техника при СВР Охрид.
Н.С.Ј.
фото: ТППЕ Охрид