Шумски пожар во Бугарија се доближува до села во турскиот округ Одрин (Едрене), а огнените јазици на моменти достигнуваат застрашувачки размери, поттикнати од ветрот во регионот, соопшти турската приватна телевизија НТВ.

Пожарот може да се види од селата близу границата во регионот на турскиот град Лалапаша. Засега пожарот сè уште не се проширил на турската страна, благодарение на реката Тунџа.

Сепак, постои загриженост дека доколу ветрот се засили, пламените јазици ќе стигнат до Одринско, посочува НТВ.

Турските власти информираа дека противпожарната служба е подготвена да дејствува, во случај да дојде до лоши сценарија.

OhridNews