Дванаесет лица загинаа, меѓу кои и едно бебе, во голем пожар што изби во станбена зграда во Бронкс, во Њујорк. Четири лица се наоѓаат во критична состојба.
„Пожарот изби на првиот кат и набрзо се прошири и на другите катови“, изјави шефот на пожарникарната служба, Даниел Нигро. Тој рече дека се испитуваат причините за настанување на пожарот.
Додаде дека настрадале луѓе на сите катови во зградата, а нивната старост е од една до 50 години. Сведоци што успеале да се спасат од огнената стихија пренесуваат дека луѓето умирале врескајќи.