Поради пожар кој избил денес, најголемата рафинерија во Европа која е во сопственост на компанијата Шел, а се наоѓа во холандскиот град Ротердам е присилно затворена. Пожарот бил ставен под контрола околу 6 часот наутро по локално време. 


„Пожарот изби вчера вечер во трансформатор во рафинеријата во Ротердам“, соопшти нафтената компанија. 

Во неколку оддели е прекината работата и од безбедносни причини компанијата ја догорува преостанатата нафта во нив. 
Од Шел не ги потврдуваат шпекулациите на локалните медиуми дека пожарот избувнал поради краток спој. 

Според локалните власти, во чадот немало отровни материи, но може да има саѓи. 

Компанијата не може да ја процени штетата од денешниот пожар веднаш, ниту кога рафинеријата повторно ќе работи со полн капацитет. 

OhridNews