Голем пожар се случил ноќеска во локал во Градското пазариште. Огнот зафатил и повеќе други дуќани, но пожарникарите спречиле тој да се прошири.

Веднаш по повикот излезено е на местото на пожарот и интервенерирано е со две возила и шест пожарникари, изјавија од ТППЕ Охрид.

Во тек е увид, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот во кој е предизвикана поголема материјална штета.

Г.М.