Околу 11 часот, во охридската Противпожарна служба пријавен е пожар во стан во станбена зграда на улицата „ Партизанска“. Со брза интервенција на пожарникарите, пожарот за кратко време е локализиран и изгаснат.
Причинета е материјална штета, а првичните информации говорат дека причина за пожарот била неисправна електрична инсталација.
OhridNews