Синоќа, засега непознат сторител, ја оштетил рампата за влез во стариот дел од грдот кај Горна порта.

Како што информира директорката на јавното претпријатие „Билјанини извори“, Гордана Јованоска, со тврд предмет или бокс искршен е читачот на картички и отстранет алуминиумскиот дел од рампата кој потоа е исфрлен.

  • Одржавме состанок со надлежните во локалната самоуправа, рампата ќе се санира и ќе се пушти во употреба. Пријавено е во полиција од каде очекуваме да се преземат соодветни мерки и казни. Ова е втор пат као се оштетува рампата, првиот пат само што беше поставена, мислевме дека е недоразбирање, но штом се повторува значи дека е со намера, вели Јованоска.

Се очекува потребниот дел за поправка на рампата за кратко време да биде набавен и сменет и рампата за два дена повторно да почне да функционира.

OhridNews