Земјотрес со јачина меѓу три и четири степени според Европската макросеизмичка скала , беше регистриран околу 9 часот и 40 минути во Скопје и Куманово.

Од сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет во Скопје информираат дека епицентарот се наоѓа на околу 50 километри северозисточно од Скопје и потекнува од Гњиланското епицентрално подрачје.

Завчера вечер околу 10 часот и триесет минути , граѓаните на Скопје ги вознемири земјотрес со јачина од 4 степени според  Европската макросеизмичка скала а епицентарот и тогаш потекнуваше од Гњиланското епицентрално подрачје.

OhridNews
извор: Makfaks