Според соопштението на Кривичниот суд, одлуката за привремено замрзнување и задржување на парични средства се однесува на фирмите А1 Телевизија, Време , Печатница Мисирков, Хедис, Синим, УНИ Проком Вемакс Д, Акс-тра, А2 Телевизија, Плус Продукција и Стратус.
Со одлуката се забранува подигнување и располагање со парични средства до одреден износ, а како образложение се наведува фактот дека фирмите не поседуваат имот кој би можел да биде доволно обезбедување за висината на паричните средства за кои е предложено да бидат обезбедени.
извор: Makfaks