Британскиот пар Енди и Дајана Приор фотографирале НЛО-а, кои лебделе над нивната куќа во Гарден Сити, Хертфоршир. Енди бил во дворот со кучето и го забележал леталото. Вели дека лебдело лево – десно и не се слушал никаков звук. Исто така додал оти е сигурен дека не станувало збор за авион или хеликоптер.
Тврди и дека не бил пијан. Леталата ги пријавил до министерството за одбрана. Портпаролот на министерството изјавил дека доколку нема опасност за воздушниот простор на земјата и нема потреба да се испитува потеклото на леталата.