Поради обилни врнежи од снег, кој се задржува на коловоз, во 20:00 часот повторно е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. Забраната за движење на тешки товарни возила на крак Маврово-Дебар е сеуште активна, информираат од АМСМ. 

Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Снег со слаб интезитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Крушево, но не се задржува на коловозот. Магла со видливост до 100 метри има на планискиот превој Плетвар..

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони. 

OhridNews