Повторно успешен настап на охридските стрелци, на првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје меѓународна програма, кој се одржа на стрелиштето Марко Цепенков во Прилеп.

Камбек на нашата најдобра стрелачка, Јована Милевска, која оваа натпреварувачка сезона на Куповите ја започнува ја започнува во сениорска категорија. Таа во севкупен пласман – жени, се пласира на втората позиција, со резултат од 597,1 круг, односно првопласирана во сениорска категорија.

Марија Ванѓеловска, во истата категорија се пласира на третата позиција со резлтат од 569,1 круг, односно 13-та во севкупен пласман- жени.За првпат по долг временски период, настапи и Јулијана Крстаноска од ЖСК„Лихнидос„, која со резултат од 546,8 круга се пласира на 4-тата позиција во жени, односно 16-та во севкупен пласман – жени.

Во истата дисциплина, кај јуниорките, Теодора Спироска, со резултат од 575,6 круга, се пласира на 8-мата позиција во јуниоркса категорија, односно 10-тата во севкупен пласман – жени. Калина Чепуњоска со резултат од 558,6 круга, завршив на 12-тата позиција во јуниорки, односно 15-тата во севкупен пласман- жени. Драгана Локоска, Емпа Петрова,м Сара Цикуш и Анисија Крстевска се пласираа од 17-тата до 22-тата позиција во севкупен пласман – жени.

Кај воздушна пушка – мажи, нашиот најдобар стрелец, Бојан Спасеновски, ја зазеде првата позиција и во јуниорска категорија и во севкупен пласман, со резултат од 611,7 круга. Кристијан Џепароски, ја зазеде 4-тата позиција во сениорска категорија со резултат од 583,7 круга. Кај јуниорите, Кристијан Балоски, со резултат од 582,3 круга се пласира на 6-тата позиција.Во истата категорија, Бора Какељ, со резултат од 548,2 круга, се пласира на 12-тата позиција, додека пак, Андреј Ванѓелоски се пласира 13-тата позиција во јуниорска категорија.

Воздушен пиштол – мажи, огромно изненадување кај јуниорите приреди младиот Иван Милевски од СК„Охрид“ кој во јуниорска категорија се пласира на 2-рата позиција со резултат од 538 круга. Во севкупен пласман – мажи, тој ја зазеде 5-тата позиција со ист број на кругови со далеку поискусните трето и четврто пласирани натреварувачи. Во истата дисциплина, Велибор Балоски, од ЖСК „Лихнидос” со резултат од 522 круга, се пласира на 5-тата позоција во сениорска категорија, односно 8-мата позиција во севкупен пласман – мажи. Во истата дисциплина, Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос” се пласира на 4-тата позиција во јуниорска категорија, односно 11-тата позиција во севкупен пласман – мажи, со резултат од 502 круга. Крсте Петрески, од СК„Охрид” со резултат од 467 круга, се пласира на 6-тата позиција во јуниорска категорија, односно 15-тата позиција во севкупен пласман – мажи пиштол.

Во дисциплина воздушен пиштол – жени, Стефанија Вељаноска, со резултат од 526 круга, се пласира на првата позиција во јуниорки, односно 4-то пласирана во севкупен пласман – жени. Наталија Савеска од ЖСК „Лихнидос” со резултат од 517 круга се пласира на 4-тата позиција во јуниорска категорија односно 7-мо пласирана во севкупен пласман – жени. Стефанија Савеска, со резултат од 473 круга се пласира на 6-тата позиција во јуниорска категорија, односно 10-тата во севкупен пласман – жени. Верица Божиноска ја зазеде 7-мата позиција со резултат од 445 круга, односно 11-тата во севкупен пласман – жени .Во сениорска категорија, Валентина Гоџоска, со резултат од 505 круга, се пласира на 4-тата позиција во сениорска категорија, oдносно 9-тата позиција во севкупен пласман.

Наредниот викенд во Битола ќе се одржи Државнотго првенство во сите категории, во дисциплина возудшен пиштол и пушка, на кој учество се очекува да земат рекорден број учесници.

OhridNews