Повторно уништени се корпите за отпадоци во градскиот парк и во близина на плоштадот кај Чинарот.

Ј.П.„Охридски Комуналец„ неодамна издвои средства за набавка на нови садови за депонирање на ситен отпад со современ дизајн, а веќе истите почнаа да се уништуваат. Оштетена е корпа во близина на плоштадот „Чинар“ која насилно е откорната од своето лежиште, а друга корпа e oштетена пред споменикот „Св.Кирил и Методиј“.

Ј.П. „Охридски Комуналец“

Во изминатиов период на повеќе наврати се оштетени корпи, клупи и украдени се или оштетени садници. Од јавното комунално претпријатие апелираат на цивилизиран однос и совесно однесување кон јавните добра и урбаната опрема поставена во градот.

OhridNews