Фил Рад, тапанарот на австралиската рок група „AC/DC“, е уапсен на Нов Зеланд каде и живее, само десет дена откако бил осуден на домашен притвор, јавуваат медиумите. Рад на 10 јули беше осуден на осум месеци домашен притвор откако ја призна вината за закана со убиство и поседување дрога. Овој пат е задржан во затвор бидејќи ја прекршила пресудата за притвор. Во затворот го посетил неговиот адвокат Крег Так. Музичарот кој загази во седмата деценија од животот ќе се појави пред суд во понеделник.

 

Полицијата одби да го потврди апсењето како и да го коментира обвинението. Ова апсење е нов во низата удари за Рад. Имено, тој поради проблемите со законот не можеше да и се придружи на групата на нивната турнеја. Да потсетиме, Рад беше уапсен во ноември и обвинет дека заговарал убиство и дека се заканувал како ќе убие едно лице, а на тоа се придодаде и поседувањето дрога.