Најмалку три кучиња се отруени, а едно е спасено изминатото деноноќие во Охрид. Труењето, кое според здруженијата за заштита на животните, најверојатно е организиран и координиран чин, се случило на повеќе локации рано утрово и синоќа.

Едно од кучињата угинало во големи маки во близина на пазарот, во населбата Охридати била отруена трудна кучка, а уште еден случај на труење бил забележан кај каналот Студенчишта.

Ова не е прв пат да се случува труење на животни во градот, при што страдаaт улични кучиња, но и домашни миленици, велат љубителите на животни, кои предупредуват на внимателност.

OhridNews