Охриѓани се револтирани од начинот на кој некој се обидува да го реши проблемот со уличните кучиња, при што страдаат и домашни миленици. Без оглед за какви кучиња се работи, нецивилизациски е на ваков начин тие да се егзекутираат, коментираат граѓаните. Велат дека ќе бидат многу разочарани доколку овој метод го одобрила институција или некоја јавна служба и апелираат до надлежните органи да ја спречат ваквата појава.
Граѓаните укажуваат дека кучињата скитници треба соодветно да се згрижат во стационар, а за проблемот да се грижи шинтерска служба која и по бројните најави во изминатите години, градот се уште ја нема формирано.