Променливото и врнежливо време ги натера граѓаните повторно да се облекуваат потопло. Таков проблем очигледно имаат и туристите кои деновиве престојуваат во Охрид. Наместо по апостолки и летна облека, тие својот летен одмор  го поминуваат облечени со чевли и јакни, како да се на зимување на некое планинско место.


Според метеролозите, нестабилното и врнежливо време ќе се задржи и во текот на наредните неколку дена. Ново затоплување е можно дури од понеделник. Денес ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Температурата во Македонија ќе се движи од 12 до 25 степени, а во Охрид до 18-тиот степен.

OhridNews