Второпласираниот тим на табелата во Втората фудбалска лига – Запад, Воска Спорт, трет пат сезонава славеше во градската пресметка со Охрид Лихнидос.
Попладнево на СРЦ „Билјанини Извори“ Воска Спорт минимално го совлада Охрид Лихнидос 0:1. Одлучувачкиот момент се случи во 86 минута кога беше досуден пенал за Воска кој успешно го реализираше Изаир Емини.
Воска Спорт, која и претходната градска пресметка ја доби со пенал, тогаш во 95 минута, ја задржа втората позиција на табелата. Екипата од населбата Воска има 5 бода помалку од водечкиот Силекс кој денеска минимално победи во Дебар со Кораб и исто толку повеќе од третопласираниот Вардар кој исто така минимално славеше во Велешта 0:1.
Охрид остана на 8-то место со 19 бода, два повеќе од Велешта која е во зоната на испаѓање заедно со отпишаниот Кадино.
Резултати Втора лига – Запад
Охрид – Воска спорт 0:1, Гостивар – Беса 0:0, Велешта – Вардар 0:1, Кораб – Силекс 0:1, Кадино – Тетекс 0:3.
Табела
Силекс – 50, Воска – 45, Вардар – 40, Тетекс – 31, Гостивар – 26, Беса – 22, Кораб – 20, Охрид – 19, Велешта – 17, Кадино – 6.
Г.М.