Повторно опожарена трска на крајбрежјето на Охридско Езеро во Струга по само два дена од последниот пријавен случај.

На 12.04.2023 во 13.55 часот во ОВР Струга пријавено е дека покрај крајбрежјето на Охридското Eзеро, околу патека која од Струга води кон селото Калишта, настанал пожар на државно земјиште со трска и нискостеблеста вегетација, инофрмира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Додава дека повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

OhridNews

фото. Архива

Продолжува уништувањето на трската на охридско-струшкото крајбрежје