Денес повторно опожарена трската на брегот на Охридското Езеро во Струга.
Од Територијалната Противпожарна единица Струга велат екипите се излезени на терен и го гаснат пожарот.
Пред само неполна недела во пожар изгоре околу 600 метри квадратни трска на брегот на Охридското Езеро во атарот на струшкото село Калишта, додека пред месец дена беа опожарени трски на површина од околу 400 метри квадратни трска во водите на Охридското Езеро во близина на Извидничкиот центар во Струга.
OhridNews