– Поради опасноста по безбедноста и по животот на патниците, повикот и алармот го упатуваме до локалната и до централната власт која може да ги санира овие дупки во општинава, државава.-велат од здружението на граѓани „Родољуби Св. Илија“. Оттаму укажуваат и на на опасните дупки и насипи од земја и камен на патот за Св. Наум, особено кај селото кон Елшани, кој треба што поскоро да биде реконструиран за да се избегнат несакани последици.
– Патниот правец Охрид – Свети Наум, а во оваа насока и патниот правец до Елшани, бараат целосна реконструкција, но до нејзино отпочнување, добро е да се “фрли” малку асфалт во опасните дупки кои наскоро можат да се претворат и во “бездни“, укажуваат од „Родољуби Св. Илија“.
Од здружението на граѓани, очекуваат во интерес на безбедноста на учесниците во сообраќајот, надлежните институции брзо да реагираат за да се спречат можните незгоди и несреќи.