Полуфиналниот натпревар од баражот во Лигата на Нации помеѓу Македонија и Косово нема да се одигра ниту во вториот термин, откако УЕФА денеска на состанокот со сите 55 членки реши да ги одложи сите активности.

Првично мечот од полуфиналето требаше да се одигра на 26 март, но се одложи поради ширењето на коронавирусот. Вториот термин беше на 4 јуни, но до тогаш веројатно нема да се стабилизира состојбата и затоа УЕФА се реши на ново одложување.

Новиот, трет термин ќе биде септември но се уште не е прецизиран точниот датум.

УЕФА ќе им даде предност на националните првенства кои прекинаа поради пандемијата. Деталите од состанокот околу шампионати допрва треба да ги соопшти УЕФА.

OhridNews