Продолжува создавањето на мини депонии во сите урбани заедници. Од ЈП Охридски Комуналец велат секојдневно нивните служби со вонредни активности се насочени кон надминување на проблемите кои ги затекнуваат во секоја урбана заедница.

Само што ќе се подигне расфрлан, непрописно депониран отпад, потоа повторно никнува нова мини-депонија. Граѓаните редовно и транспарентно се информираат за акциите за подигнување кабаст и зелен отпад, согласно годишниот календар за 2024 год., но последиците од лошите навики сведочат на секој чекор, потенцираат.

Апелираат до граѓаните да се почитува динамиката согласно годишниот календар за 2024 год. на акции за подигнување каваст и зелен отпад, а за сите информации да се јават на дежурниот телефон 075-495-428.

OhridNews