ЈП „Охридски Комуналец” не може да расчисти мини-депонии колку што граѓаните можат да создадат, повторно и повторно, реагираат од претпријатието.
Не измина цел месец откако објавивме за нашите активности за расчистување диви депонии во населбите Даљан и Лабино, каде се подигнати големи количини кабаст и зелен отпад, ситуацијата денес непроменета на истите локации, како да не сме го подигнале сиот отпад кој претходно беше расфрлан. Денеска повторно интервениравме за расчистување на истите локации, посочуваат.
Потенцираат дека од личната одговорност и еко-свест на секој поединец зависи во каква животна средина ќе живееме, зошто последиците остануваат за сите нас.
OhridNews