Египет планира да обнови едно од Седумте светски чуда на антиката, Светилникот во Александрија, кој оригинално бил висок 137 метри, а со векови бил највисока градба на светот. Светилникот е изграден во 280 година пред нашата ера на полуостровот Фарос во тогашното Птоломејско кралство, а уништен е после серијата земјотреси во 1323 година.

 

Египетската влада сега сака повторно да го изгради на историската локација. Членовите на парламентарното спобрание за египетски антиквитети го одобриле проектот за светилникот во Александрија, а планот е предаден на гувернерот на Александрија кој го има завршниот збор околу овој проект. Проблем би можело да биде тоа што на остатоците од светилникот во 1480 година изградена е тврдината Катибај која стои до денешен ден.