Цената на суровото кафе на светските берзи секојдневно расте, а кај неколку видови кафе цената е зголемена дури за 200 насто.

Причина за поскапувањето на кафето се обилните врнежи кои предивикаа поплави и го уништија родот на водечките светски производители на кафе, како што се Бразил, Колумбија и Индонезија. Како втора причина за вртоглавиот раст на цената на сировото кафе се нагласува и работењето на хејџ- фондовите кои создаваат вештачка побарувачка за оваа суровина.

Според хрватските медиуми кефето во Хрватска веќе е поскапено за 4 насто, но се очекува да има и нови промени во малопродажната цена. Дали и во Македонија ќе има ново поскапување на кафето, останува да видиме.

OhridNews